ОФИЦИЈАЛНО: Имери се пресели во Турција и ја засили Анталијаспор

Поранешниот голем талент на Шкупи, Омар Имери и официјално ги напушти редовите на Шкендија и во следната сезона ќе настапува во турската Суперлига.

20-годишниот офанзивец во иднина ќе ги брани боите на Анталијаспор, клуб за кого веќе две сезони со успеси настапува поранешниот наш репрезентативец Адис Јаховиќ. За услугите на Имери беше заинтересиран и Фенербахче, но младиот фудбалер на крај се реши да го облече дресот на Анталијаспор. Денес успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на петгодишен договор. 

Според турските медиуми Шкендија од овој трансфер ќе инкасира најмалку 150.000 евра, затоа што ќе добие и 10% од следниот трансфер на младото крило. 

Покрај за Шкендија и Шкупи, Имери во нашата држава има настапувано уште за Работнички, а моментално е и репрезентативец на селекцијата до 21 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.