ОФИЦИЈАЛНО: Илирид Адеми потпиша едногодишен договор со Шкупи

Второ ново име кај претставникот на Македонија во квалификациите на Лига Европа, скопски Шкупи. Имено, Илирид Адеми по една година во Ренова, како слободен фудбалер му пристапи на прволигашот од Чаир. 

Откако му истече договорот, 25-годишниот Адеми се одлучи да потпише договор на една сезона со Шкупи. Освен за Ренова, овој искусен фудбалер настапуваше и за Гостивар и Македонија ЃП.

Фудбалерот кој игра по левата страна, во шампионатот кој штотуку беше прекинат запиша 23 натпревари, „зачинети“ со пет гола и две асистенции.

Претходно, Шкупи потпиша договор со голманот Артан Иљази, како замена за повредениот Алексовски. Екипата во новата сезона ќе ја води Муарем Бајрами, кој е назначен во перманентен шеф на стручниот штаб.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.