ОФИЦИЈАЛНО: Илија Несторовски се врати во хрватската лига

Македонскиот фудбалер Илија Несторовски официјално има нов клуб и стави потпис на договор со хрватскиот прволигаш Славен Белупо.

Центарфорот подолго време беше слободен по разделбата со Асколи и конечно наоѓа нов ангажман. Несторовски во текот на вчерашниот ден пристигна градот и веднаш стави потпис на договор со Славен со кого го чека битка за опстанок. Во редовите на хрватскиот клуб Несторовски доаѓа од Асколи.

34-годишниот Несторовски во Асколи дојде пред стартот на минатата сезона од редовите на Удинезе во чии редови му истече договорот. Иако имаше договор до 2025 година, Македонецот си замина од екипата затоа што во договорот имаше клаузула дека може да бара нова екипа ако Асколи испадне.

Во последната сезона напаѓачот настапи на 20 натпревари за Асколи, а зад своето име запиша два гола. Покрај за Удинезе и Асколи, во Италија тој играше и за Палермо, додека во Хрватска беше дел од Интер Запрешиќ.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.