• Горан Упале
По заминувањето од Арсенал, македонскиот голман Дејан Илиев и официјално има нов клуб. Струмичанецот својата кариера ќе ја продолжи во Тренчин, денес потврди клубот од Словачка.
Илиев со новиот клуб потпиша соработка од најмалку една и пол година и за него ова ќе биде враќање во словачкиот фудбал, затоа што претходно двапати беше дел од тимот на Серед, а во својата кариера уште настапуваше за Јагелонија во Полска и Шрусбери во Англија.
Илиев потекнува од школата на Беласица. Во Арсенал пристигна пред девет години, каде беше еден од најзаслужните за освојувањето на премиерлигашката титула на У23 тимот на „топџиите“ пред четири сезони.
Неговата форма беше задоволувачка во младинските категории на англискиот гигант, што му донесе нов тригодишен договор во 2015 година, но никогаш не доби шанса за дебитира за првиот тим на Арсенал.