ОФИЦИЈАЛНО: Игор Тудор потпиша нов договор со Јувентус

Хрватскиот стратег Игор Тудор го продолжи договорот со Јувентус до јуни 2027 година, со можност за уште една сезона, објавија од клубот од Торино.

Тудор пристигна на 23 март како привремено решение по отказот на Тијаго Мота, но со добрите резултати во финишот на Серија А си обезбеди постојан ангажман. Под негово водство, Јуве избори пласман во Лигата на шампионите, завршувајќи како четврти во првенството со биланс од пет победи, три ремија и еден пораз на девет натпревари.

„Врската на Тудор со клубот стана уште посилна, особено благодарение на работата во завршницата на сезоната и пласманот во ЛШ. Сега нè очекуваат нови поглавја што треба заедно да ги испишеме“, стои во соопштението на Јувентус.

Клубот наскоро го очекува настап на Светското клупско првенство, каде во групата G ќе игра против Манчестер Сити, Видад и Ал Аин.