ОФИЦИЈАЛНО: Игор Алексовски потпиша за Елбасан

Македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски и официјално е нов член на албанскиот прволигаш Елбасан. Откако трансферот беше најавен претходно, клубот ја потврди соработката со македонскиот чувар на мрежата.

Алексовски во Елбасан пристигнува од Фљамуртари, каде што настапуваше во изминатиот период, а сега се реши за нов предизвик во кариерата.

Македонскиот голман ќе биде дел од амбициозен проект, бидејќи Елбасан ова лето ќе ја претставува Албанија на европската сцена. Тимот веќе го очекува настап во првото квалификациско коло од Конференциската лига, каде за противник ќе го има белорускиот БАТЕ Борисов.