ОФИЦИЈАЛНО: Хуан Мата останува на „Олд Трафорд“ до 2021 година

Шпанскиот репрезентативец Хуан Мата нема да менува средина и ќе остане во Манчестер Јунајтед и во наредниот период, затоа што двете страни се договорија за продолжување на соработката.

31-годишниот Мата беше на истек на договорот со „ѓаволите“ затоа што истиот завршуваше овој месец, но се реши да остане на „Олд Трафорд“. Договорот меѓу двете страни е за наредните две сезони, поточно до 2021 година.

Мата пристигна во Јунајтед во 2014 година од Челзи. Досега одигра 218 меча за тимот од Манчестер, а има 45 гола и 37 асистенции. Низ историјата се радуваше на титули во ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд и Лига Европа.