ОФИЦИЈАЛНО: Хот ќе го води нападот на Пелистер наредната сезона

Хот

Битолски Пелистер го официјализираше офанзивното засилување од екипата на Нови Пазар. Од наредната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) мрежи ќе тресе Анес Хот.

Новиот фудбалер на „зелено-белите“ има 25 години и доаѓа со скромен учинок од три гола во последната сезона во српскиот шампионат.

Хот е висок 191 сантиметар, а покрај за Нови Пазар, настапуваше и за Мокра Гора, Тутин и Прибој. Напаѓачот одржа неколку тренинзи со новите соиграчи, а денес беше официјализиран пред македонската фудбалска јавност.

Битолскиот прволигаш претходно се засили со Талески, Илиески, Танушев, Кочоски, Николовски и Пејаковиќ.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк