ОФИЦИЈАЛНО: Хорхе Сампаоли до 2023 година во Олимпик Марсеј

Сампаоли

Аргентинскиот тренер Хорхе Сампаоли се враќа во Европа. Кариерата ќе ја продолжи во Франција, во екипата на Олимпик Марсеј.

Тимот од „Велодром“ ја потврди соработката со 60-годишникот до јуни 2023 година. До неодамна Аргентинецот го водеше Атлетико Минеиро.

Сампаоли ќе има тешка задача да го врати тимот онаму каде навивачите очекуваат да биде. Оваа сезона францускиот гигант испадна од Лигата на шампионите, но не продолжи во Лига Европа.

Моментално Олимпик се наоѓа на осмото место и се бори за излез во Европа наредната сезона.