• Горан Упале

По серијата порази, раководството на Македонија Ѓорче Петров се реши се раздели со својот доскорешен тренер Тони Џангаровски. Поразот од Воска Спорт која е директен ривал во трката за опстанок ја прели чашата и „лавовите“ спогодбено договорија прекин на соработката со тренерот.
Клубот од Ѓорче Петров експресно реагираше по отказот на Џангаровски и за нов тренер на првиот тим го назначи Бобан Грнчаров. 41-годишникот кој имаше богата играчка кариера, како тренер работеше само на клупата на Вардар, меѓутоа сега ќе има задача да избори опстанок со Македонија Ѓорче Петров.
Инаку, Грнчаров ќе биде трет тренер на скопскиот клуб оваа сезона. На почетокот тимот од Ѓорче Петров тргна со Горан Симов, меѓутоа стручњакот пред четири месеци ја напушти функцијата. Негов наследник беше Џангаровски кој тргна солидно, меѓутоа откако впиша шест порази во низа си замина од функцијата.
На табелата во ПМФЛ екипата на Македонија Ѓорче Петров е последнопласирана со 18 бода, два помалку од Брегалница, три од Вардар и шест од првата безбедна Воска Спорт.