ОФИЦИЈАЛНО: Гордон е ново парче во сложувалката на Барселона!

Барселона официјално го потврди ангажманот на англискиот репрезентативец Ентони Гордон.

Каталонскиот гигант постигна договор со Њукасл Јунајтед за трансферот на офанзивниот фудбалер, кој потпиша договор со Барселона до летото 2031 година.

Гордон зад себе има одлична сезона во дресот на Њукасл, во која настапи на 46 натпревари во сите конкуренции. Англискиот крилен напаѓач постигна 17 голови и забележа пет асистенции, потврдувајќи се како еден од најважните играчи во составот на премиерлигашот.

Со неговото доаѓање, Барселона добива дополнителна брзина, директност и креативност во нападот, додека Гордон ќе има можност за првпат во кариерата да настапува во шпанската Ла Лига.

Трансферот претставува едно од позначајните засилувања на Барселона во пресрет на новата сезона, во која клубот ќе има високи амбиции на домашната и европската сцена.