• Иван Димовски
Џенаро Гатузо има нов клуб во тренерската кариера, откако официјално беше назначен за шеф на стручниот штаб на Лацио.
Римскиот клуб се раздели со Маурицио Сари по разочарувачката сезона во која заврши на деветтото место во Серија А и го загуби финалето на Купот на Италија од Интер. Според италијанските медиуми, Гатузо потпишал двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона, а ќе заработува 1,5 милиони евра годишно.
„Клубот му посакува топло добредојде на новиот тренер и е уверен дека неговото искуство, професионалност и одлучност ќе помогнат во остварувањето на спортските цели“, соопшти Лацио.
По богатата играчка кариера, Гатузо како тренер ги водеше Милан, Наполи, Валенсија, Марсеј и Хајдук. Со Наполи го освои Купот на Италија во 2020 година, а последен ангажман му беше на клупата на италијанската репрезентација.
Сепак, по неуспешните квалификации за Светското првенство се раздели со националниот тим и сега се враќа во клупскиот фудбал.

