• Саше Љолес

Габриел Жезус и официјално е нов фудбалер на Барселона. Каталонскиот клуб потврди дека постигнал договор со Арсенал за трансферот на 29-годишниот бразилски напаѓач.
Жезус потпиша тригодишен договор со Барселона, до 30 јуни 2029 година, со што стави крај на престојот во Арсенал.
Според достапните информации, Барселона ќе плати околу 10 милиони евра, со можност сумата да порасне преку дополнителни бонуси.
Бразилецот пристигнува во Каталонија како засилување за нападот, откако клубот ова лето остана без Роберт Левандовски и Феран Торес. Примарна желба на Барселона беше Хулијан Алварез, но трансферот од Атлетико Мадрид не се реализираше.
Тренерот Ханси Флик веќе го пофали Жезус, истакнувајќи дека неговиот стил на игра одлично се вклопува во фудбалот што го практикува Барселона.
Жезус во Европа претходно настапуваше за Манчестер Сити и Арсенал, а сега го очекува ново поглавје во кариерата на „Камп Ноу“.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.










