ОФИЦИЈАЛНО: Френки Де Јонг потпиша за Барса, се сели во Каталонија од 30 јуни

Доцна синоќа започнaа шпекулациите, денес стигна официјализација - Френки Де Јонг е нов фудбалер на Барселона за рекордна сума од 90 милиони евра. Оваа сума меѓу фиксно обештетување и бонуси го прави 21-годишникот најскап холандски фудбалер на сите времиња. Ѕвездата на Ајакс преговараше со ПСЖ и се чинеше дека за 75 милиони евра, „копјаниците“ ќе го продадат Де Јонг во Париз.

Сепак, Барса ја искористи врската со Марк Овермарс и експресно ја заврши работата. Фудбалерот за врска ќе добива 16 милиони евра годишно (десет милиони евра основна плата и максимум шест милиони евра бонуси).

Де Јонг е поливалентен фудбалер, важи за раскошен талент и фудбалер кој добро би се вклопил во идејата за фудбал на Барса. Шпекулациите велат дека доведувањето на Де Јонг ќе значи заминување на еден меѓу Дембеле и Кутињо.

Овој супер-талент е дете на Ајакс, накратко беше позајмен во Вилем 2 од Тилбург, за пак од 2016 година да се врати во Амстердам. За холандската репрезентација запиша пет натпревари.

Во зимскиот преоден рок, Барса ги доведе на позајмици Муриљо и Принц Боатенг.