• Саше Љолес
Френк Лампард конечно доби нов тренерски ангажман и официјално го презема тимот на второлигашот Ковентри Сити, објавија од англискиот клуб.
Лампард потпиша договор со важност до јуни 2027 година, а на клупата го замени Марк Робинс, кој доби отказ порази серија лоши резултати во Чемпионшип. Ковентри во моментов е на 17. позиција со исто толку бодови.
Младиот англиски тренер претходно беше предводник на Дерби Каунти, Евертон и Челзи, а својата богата фудбалска кариера ја заврши во 2016 година.