ОФИЦИЈАЛНО: ФИФА донесе две нови правила за СП во Катар!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одобри учесниците на Светското првенство во Катар на располагање да имаат по 26 фудбалери. Откако се одлучи сите репрезентации да имаат право на пет измени во текот еден натпревар, сега селекторите ќе имаат повеќе играчи на располагање.

ФИФА и официјално ја донесе оваа одлука која се однесува за претстојното Светско првенство во Катар кое ќе се игра на крајот на 2022 година.

Секоја селекција ќе има по 23 играчи и по тројца голмани во својот ростер, а главната причина за оваа одлука е бидејќи Светското првенство се игра среде сезона, во ноември и декември.

Пет замени станаа пракса како последица на ковид-пандемијата, додека главна причина за зголемениот број на играчи е фактот што ова ќе биде прво зимско Светско првенство, односно ќе се игра во екот на сезоната кога играчите ќе треба да си заминат на еден месец од клубовите, а потоа веднаш ќе им се вратат на обврските во националните првенства.