ОФИЦИЈАЛНО: Фернандо Јеро ќе ја води Шпанија на СП

Репрезентацијата на Шпанија по отказот на Јулен Лопетеги официјално назначи нов селектор за Мундијалот, во Фернандо Јеро, некогашната фудбалска легенда на Реал Мадрид.

Поранешниот дефанзивец на „кралевите“ беше спортски директор на репрезентацијата, а сега ќе ја има улогата на селектор. Зад себе нема импресивно досие како тренер, затоа што од 2014 до 2015 работеше како асистент во Реал Мадрид, а од 2016 до 2017 го водеше тимот на Овеидо.

Јеро многу веројатно ќе биде само привремено решение за Мундијалот. Шпанија првиот меч на СП ја чека за два дена, против европскиот првак Португалија.