ОФИЦИЈАЛНО: Фабрегас го засили француски Монако

Екипата на Монако донесе големо засилување во своите редови и потпиша договор со шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас.

Фабрегас замина од редовите на Челзи и брзо си најде нов ангажман. Кариерата ќе ја продолжи во клубот од кнежевството, каде тренер е Тиери Анри.

Токму Французинот е причината зошто Сеск реши да потпише за Монако, пред се поради нивното минато и нивната поврзаност додека двајата беа дел како фудбалери од Арсенал.

Шпанецот со Монако потпиша три и пол годишен договор, а за трансферот ќе добие од осум до десет милиони евра.