• Саше Љолес

Алваро Мората не чекаше долго за да пронајде нов ангажман и стави потпис на договор со турскиот Галатасарај, каде сигурно ќе биде големо засилување во битката за титулата, а воедно ќе му помогне на тимот и во плеј-офот на Лига Европа.
Шпанскиот напаѓач со себе носи огромно искуство, а навивачите се во транс и веќе му посакаа добредојде во тимот каде настапуваат Мауро Икарди и Виктор Осимен. Мората до пред само еден ден беше член на италијанскиот Милан, а претходно играше за Јувентус, Атлетико Мадрид, Челзи и Реал Мадрид.
Минатото лето беше прв напаѓач и капитен во формацијата на Луис де ла Фуенте, а неговата Шпанија се закити со трофејот од Европското првенство кое се одржа во Германија. Галатасарај има три бода предност пред Фенербахче во турското првенство, но тимот на Жозе Мурињо има и натпревар повеќе од истанбулскиот ривал.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.