ОФИЦИЈАЛНО: Ешли Јанг е нов играч на Интер!

Јанг

Поранешниот англиски репрезентативец Ешли Јанг е нов член на Интер, потврди италијанската екипа.

34-годишниот ветеран, кој доаѓа од редовите на Манчестер Јунајтед, стави потпис на договор до 30 јуни 2020 година. Има и опција тој да го продолжи престојот во Милано на уште една година.

Дефанзивецот ќе стане третиот Англичанец кој ќе заигра за „неразурите“, по Пол Инс и Гери Хиченс. 

Јанг беше дел од „црвените ѓаволи“ во последните три сезони, но ја загуби минутажата и довербата кај Оле Гунар Солскјер. Тоа го натера да бара решение и истото го пронајде на „Џузепе Меаца“.