• Мартин Танасковски
Клубот потврди, Ељиф Елмас е нов играч на Наполи. РБ Лајпциг и калчолигашот се договорија за позајмица, со право на откуп. Нашиот репрезентативец ги мина лекарските прегледи и е промовиран во клубот.
Италијанскиот шампион ќе му плати на Лајпциг 1.5 милиони евра за едногодишна позајмица, а ќе биде вклучена и клаузула за откуп следното лето која би изнесувала 11,5 милиони евра. Но, истата не е задолжителна. Исто така Наполи ќе ја покрива целата плата на Елмас, која што ја добива од германскиот тим.
Македонскиот офанзивец чија желба била само Наполи и инсистирал да се врати во старото јато не се снајде најдобро во бундеслигашот и пролетната полусезона ја мина во Серија А, носејќи го дресот на Торино, каде што остави одличен впечаток и покажа дека италијанскиот фудбал повеќе му годи од германскиот.
Елмас претходно со Наполи стана шампион на Италија, а и беше „златна замена“ во шампионската сезона и секогаш правеше разлика кога влегуваше на терен. Првиот ден во Неапол го мина во друштво на неговиот агент Никола Ѓошески и членови на семејството.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

