• Иван Димовски
Един Џеко и официјално ја продолжува кариерата во Германија и е нов фудбалер на Шалке. Искусниот напаѓач успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со клубот од Гелзенкирхен, со што стана дел од популарните Рудари.
Босанскиот репрезентативец во Шалке доаѓа како слободен играч, откако ја напушти Фиорентина без обештетување. Иако имаше важечки договор со италијанскиот клуб, двете страни се договорија за спогодбен раскин на соработката.
Фиорентина не му правеше проблеми на Џеко и не побара финансиска компензација. Шалке ја искористи можноста да добие квалитетно и искусно засилување без да плати трансфер, со надеж дека напаѓачот ќе има значајна улога во амбициите на германскиот тим во продолжението од сезоната.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




