ОФИЦИЈАЛНО: Џон Оби Микел се врати во Англија

Искусниот играч за врска Џон Оби Микел одново ќе игра во Англија. 33-годишникот стави потпис на официјален договор со екипата на Стоук Сити.

Втората етапа на англиско тло за Нигериецот ќе му донесе настап во Чемпионшип. Претходно цели 11 години ги бранеше боите на Челзи.

Соработката меѓу Микел и англискиот второлигаш е во трајност од една сезона.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.