ОФИЦИЈАЛНО: Донарума до 2026 година меѓу стативите на ПСЖ!

Сагата околу трансферот на Џанлуиџи Донарума во ПСЖ е готова. Младиот италијански голман е нов член на парижани, со кои потпиша договор кој ќе има важност до 2026 година. 

Европскиот првак со „Аѕурите“ го напушти Милан по осум години како слободен агент и се приклучи на „светците“. Во Париз, Донарума според најавите ќе добие годишни примања од 12 милиони евра, а во наредните пет години може да исполни и разни бонуси. Последната понуда на Милан беше за четири милиони евра пониска, па голманот се реши за ново поглавје во кариерата. 

  • Официјалната потврда на потписот: 

Оваа зделка беше склучена за време на Европското првенство, но двете страни решија да се официјализира по крајот на турнирот. Донарума ќе има задача да се бори за првотимски статус со Кејлор Навас, кој бранеше неверојатно минатата сезона.  

На штотуку завршеното Европско првенство, Донарума беше еден од главните протагонисти во походот на Италија кон тронот. Покрај тоа, тој стана првиот голман кој е прогласен за најкорисен играч на турнирот, па Маурисио Почетино ќе биде на „слатки маки“ во изборот на прв чувар на мрежата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.