ОФИЦИЈАЛНО: Димитриевски позираше во дресот на Валенсија!

Македонскиот голман Столе Димитриевски и официјално е нов фудбалер на Валенсија, утрово објави клубот од „Местаља“.

30-годишниот чувар на мрежата e промовиран во нов играч на Валенсија, откако одигра шест сезони во Рајо Ваљекано, каде што се етаблира како еден од најдобрите голмани во Примера. Димитриевски со Валенсија потпиша договор до јуни 2026 година. 

Во Валенсија тој доаѓа како замена за грузискиот голман Мамадаршвили, кој гледа кон Премиер лигата.

Столе Димитриевски имаше одлични настапи во Рајо Ваљекано, а стана и голман со најмногу настапи во историјата на клубот.