ОФИЦИЈАЛНО: Дејан Ловрен ќе игра во Грција

Дејан Ловрен стави потпис на договор со грчкиот клуб ПАОК и ќе се натпреварува во тамошното првенство. 

Искусниот хрватски стопер замина од Лион како бесплатен фудбалер, откако клубот прифати прекин на договорот. ПАОК постигна договор за плата и го официјализира потписот со ветеранот. Ловрен стави потпис на двегодишна соработка. 

Во јануари минатата година Хрватот од Зенит се пресели во Лион. Сепак, тој не беше во плановите на новиот тренер и некое време преговараше за раскинување на договорот. Откако успеа во тоа, тој си најде нова средина. 

Во кариерата освен за Лион и Зенит беше дел од Динамо Загреб, Саутемптон и Ливерпул. Ловрен за репрезентацијата на Хрватска одигра 78 натпревари.