Официјално деби на Марко Ѓорѓиевски, Клуж го загуби Суперкупот на Романија

Македонскиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски го забележа своето официјално деби во дресот на новиот клуб Клуж.

По заминувањето од Силекс најдобриот стрелец во минатиот шампионат во ПМФЛ, се реши за интернационална кариера и се пресели во Романија. Некогашниот младински репрезентативец тргна одлично во Клуж, на подготовките забележа два гола, но синоќа не успеа да му помогне на својот тим да го освои Суперкупот на Романија.

Во игра влезе во 78. минута, при резултат 1-1, но до крајот на средбата ФЦСБ постигна уште еден погодок и го освои првиот трофеј во новата сезона.