• Саше Љолес

Управата на Олимпик Марсеј официјално го назначи за нов тренер Италијанецот Роберто Де Зерби, кој потпиша тригодишен договор со францускиот гигант.
45-годишниот стратег беше поврзуван со неколку големи клубови, но на крајот реши да се пресели во Марсеј, каде навивачите ќе имаат огромни очекувања од него. Клубот го претстави како тренер со големо искуство и одлично фудбалско познавање, со надеж дека ќе успее да ги подобри резултатите и да се вмеша во битката за врвот во Лига 1.
Најавени се и неколку квалитетни засилувања во текот на летниот преоден рок, со кои тимот би се обидел да се вмеша во битката за највисоките позиции во првенството, а воедно и да избори пласман во евро-куповите.