ОФИЦИЈАЛНО: Давид Бабунски е нов играч на шкотскиот Данди Јунајтед

Она што беше најавено пред неколку дена, конечно доби и потврда. Македонскиот фудбалер Давид Бабунски официјално е нов играч на шкотскиот клуб, Данди Јунајтед, каде веќе позираше со новиот дрес, заедно со неговиот менаџер, Александар Бајевски. 

Нашиот Бабунски минатата сезона ја мина во унгарскиот Мезоковезди, каде одигра 23 натпревари, а ова за него ќе биде прв предизвик на Островот. Потекнува од школата на Барселона, а потоа настапуваше за Црвена Звезда, Јокохама Маринос, Дебрецен, Ботошани и Виторул Констанца

Давид Бабунски е поранешен капитен на младинската репрезентација на Македонија, а за сениорскиот состав на „рисовите“ има одиграно петнаесет натпревари. Со шкотскиот клуб се обврза на двегодишна соработка и ќе го носи дресот со бројот десет.