ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Чурлинов на позајмица во Јагјелонија

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе ја продолжи кариерата во редовите на Јагјелонија во Полска. Асот на Барнли пролетната полусезона ја мина како позајмен во Шалке, а сега оди на нова позајмица. 

Преговорите завршија успешно, Чурлинов се договори за личните услови со Јагјелонија и така добиваме уште еден фудбалер во полската Екстралига оваа сезона. 

Инаку, Дарко Чурлинов е член на англиски Барнли, но минатата сезона во Премиер лигата беше во втор план, а имаше и здравствен проблем поради кој паузираше. Во втората полусезона играше во Шакле за кој запиша десет настапи, со по гол и асистенција. Со Барнли тој има договор до 2026 година.

Инаку, Јагјелонија котира одлично во моментов во Полска бидејќи тргна со три победи, a исто така убедливо го мина второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.