• Саше Љолес
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов официјално е нов играч на полскиот клуб Погон Шчечин. Крилниот фудбалер потпиша двегодишен договор, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.
Чурлинов е добро познато име за љубителите на полската Екстракласа, откако во сезоната 2024/25 настапуваше за Јагјелонија. Таму беше еден од најдобрите крилни играчи во лигата, а во сите натпреварувања одигра 43 средби, на кои постигна седум голови и забележа четири асистенции.
26-годишниот фудбалер својата кариера ја започна во академијата на Келн, а потоа настапуваше и за Штутгарт, Шалке 04, Барнли, како и за турскиот Кочаелиспор минатата сезона.
За македонската репрезентација Чурлинов има 42 настапи, а беше дел од тимот во квалификациските натпревари за Европските и Светските првенства.
Новиот играч на Погон најдобро се снаоѓа на позицијата лево крило, но може да игра и на десната страна, како и во улога на офанзивен играч за врска. Во дресот на полскиот клуб ќе настапува со бројот 21.
Од новиот клуб објавија дека со ангажманот на Чурлинов, добиваат искусен фудбалер со меѓународно искуство, кој треба да донесе брзина, директност и дополнителна креативност во нападот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

