ОФИЦИЈАЛНО: Црвена Звезда го промовира петтиот тренер странец

Црвена Звезда официјално го потврди Алберт Риера за нов тренер, а Шпанецот потпиша двегодишен договор со актуелниот шампион на Србија.

Риера е само петтиот странски тренер во историјата на Црвена звезда кој доаѓа надвор од просторот на поранешна Југославија. Пред него тимот го водеа Валтер Зенга, Здењек Земан, Рикардо Са Пинто и Барак Бахар.

Шпанскиот стручњак најголемите успеси во досегашната тренерска кариера ги оствари со Цеље. Со Олимпија Љубљана во 2022 година освои двојна круна во Словенија, додека со Цеље во сезоната 2024/25 стигна до четвртфиналето на Лигата на конференции и повторно го освои Купот на Словенија.

Риера работеше и во Бордо и Ајнтрахт Франкфурт, но епизодата во Германија заврши по само неколку месеци. Во Црвена звезда сега го очекува голем предизвик, а за запознавање со тимот ќе има многу малку време.

Шпанецот ќе има само четири дена за подготовка пред првиот натпревар, против Викторија Плзењ.