ОФИЦИЈАЛНО: Црвена Звезда добива нов тренер!

Дејан Станковиќ повторно се враќа на клупата на Црвена звезда и ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на белградскиот гигант, најави „Спорт клуб“.

Раководството на Црвена Звезда одамна постигнало договор со Станковиќ, а формализацијата ќе следи со потпишување договор до летото во 2028 година. Така, по кратката пауза и авантурата во Русија, легендарниот поранешен фудбалер и тренер повторно се враќа на „Маракана“ со јасна мисија, тоа е да ја разбуди екипата и да внесе нова енергија во борбата за шампионската титула.

Претходниот тренер Владaн Милојевиќ се прости од клупата на Звезда на најдобар можен начин, со убедлива победа против Младост од Лучани, оставајќи го тимот во солидна позиција, но со јасен предизвик пред наследникот, да направи пресврт во шампионската трка и да го врати клубот на посакуваниот победнички колосек.

Станковиќ неодамна ја заврши својата епизода во Спартак Москва, каде што доби отказ, а ова ќе биде негово второ поглавје како тренер на Црвена Звезда. Првиот мандат го имаше од декември 2019 до август 2022 година, период во кој клубот бележеше значајни домашни успеси и солидни настапи на европската сцена.