ОФИЦИЈАЛНО: Чешмеџиев позираше со дресот на Славија Софија

Македонскиот фудбалер Константин Чешмеџиев, oткако се раздели со шампионот Шкупи, се реши за нов предизвик во странство. Повремениот репрезентативец во иднина ќе ги брани боите на бугарскиот прволигаш Славија Софија.

26-годишниот играч, кој настапува во дефанзивата, но може да игра и во средниот ред, забележа одлични настапи во дресот на чаирчани, но до нова соработка не дојде. Следна станица ќе му биде Бугарија каде ќе го носи дресот на Славија Софија, клуб за кој минатата сезона играше Дарко Тасевски.

Чешмеџиев изминатата сезона одигра 27 натпревари за Шкупи во ПМФЛ, а постигна еден гол и забележа една асистенција. Беше дел и од сите четири европски натпревари на „гулабите“, настапи и против Љапи и против Санта Клара во Конференциската лига.

Македонскиот фудбалер претходно покрај за Шкупи настапуваше за босански Вележ, Шкендија, Академија Пандев, Македонија ЃП, Љубанци, Пелистер и Работнички.