ОФИЦИЈАЛНО: Чешки дефанзивец е најновото име во редовите на Шкендија

Вондра

Одбраната на Шкендија во новата сезона ќе биде посилна за 26-годишниот чешки интернационалец Јан Вондра. Тој доаѓа во Тетово и стави потпис на двегодишен договор со „црвено-црните“.

„Среќен сум што ќе играм во Тетово и што сум дел од Шкендија. Мислам дека во тимот дојдов во вистински момент, пред натпреварите во европските натпреварувања. Се надевам дека од натпреварите во Конференциската лига ќе ја оправдам мојата заложба за Шкендија, но нормално дека концентрацијата ќе биде и на новата натпреварувачка сезона каде верувам дека ќе атакуваме на титулата шампион на Македонија“, изјави дефанзивецот.

Чехот цела своја кариера ја мина во домашните лиги. Сега ќе направи нов чекор и ќе го има првото интернационално искуство во македонската фудбалска лига.

Давор Талески и Влатко Стојановски се последните две засилувања на тетовчани.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.