• Саше Љолес

Она што се најавуваше изминатите денови, конечно доби и официјална потврда. Англискиот премиерлигаш Челзи го доведе талентираниот англиски фудбалер, Џејми Бајно-Гитенс, кој пристигна од редовите на Борусија Дортмунд.
„Сините“ од Лондон ќе му исплатат на германскиот гигант 65 милиони евра за играчот кој веќе ги мина медицинските прегледи и беше официјално претставен во клупските простории.
Информацијата ја потврди и новинарот Фабрицио Романо, кој објави дека Гитенс стави потпис на седумгодишен договор со актуелниот освојувач на Конференциската лига на УЕФА.
ФОТО/PHOTO: Chelsea Football Club