ОФИЦИЈАЛНО: Челзи го има најскапиот лев бек во историјата на фудбалот

Долго време се шпекулираше, но сега е официјално. Марк Кукуреља го напушти Брајтон и го облече дресот на Челзи за следните сезони и ќе биде големо засилување за тимот на Томас Тухел.

24-годишниот лев бек дојде од таборот на „галебите“ за 55 милиони евра и е најскапиот играч на оваа позиција во историјата на фудбалот. Воедно, ова е и рекорден трансфер за тимот на Брајтон.

Во зделката за Кукуреља, Брајтон го доби и 19-годишниот дефанзивец Ливај Колвел од Челзи кој е на позајмица. Договорот меѓу Челзи и Кукуреља е потпишан до 2028 година и тој се очекува да биде прва опција.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.