ОФИЦИЈАЛНО: Чедомир Јаневски не е повеќе тренер на АЕЛ Лимасол

Еден од најистакнатите македонски фудбалски стратези, Чедомир Јаневски, остана без работа, откако ја заврши својата авантура во редовите на АЕЛ Лимасол. Информацијата ја потврди кипарскиот клуб, кој му се заблагодари на македонскиот тренер и му посака успех во иднина.

„Раководсвото на АЕЛ изразува благодарност до господинот Јаневски за неговиот придонес во нашиот тим и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението на АЕЛ Лимасол.

Јаневски имаше одличен старт на својата ера во АЕЛ, но во последниот период тимот бележеше лоши резултати, што беше пресудно за ваквата одлука на реководството на клубот. На последните пет средби, АЕЛ Лимасол забележа само една победа и еден нерешен резултат и падна на деветтата позиција на табелата во домашниот шампионат.

Во својата богата кариера Јаневски беше на чело на Етникос, Олимпијакос Никозија, Енозис,  Беверен, Монс, Мускрон, а беше предводник на Вардар во историското учество во групната фаза во Лигата на Европа.