ОФИЦИЈАЛНО: Бугарски стручњак седна на жешкото столче на селекцијата на БиХ

Според најавите од минатата недела, Ивајло Петев денес е претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Извршниот одбор на националната федерација на БиХ го одреди наследникот на Душан Бајевиќ.

45-годишниот Петев пред единаесет години дебитираше на клупата на Лудогорец. Со оваа екипа од Втората лига се пласира во елитниот ранг на бугарскиот фудбал, а потоа успеа да освои две шампионски титули, еден Куп и два Суперкупа на Бугарија.

Надвор од Бугарија, Петев ги водеше АЕЛ Лимасол и Оминија на Кипар, Динамо Загреб во Хрватска, Јагиелонија и Ал-Кадиш.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.