ОФИЦИЈАЛНО: Бруно Фернандеш останува „ѓавол“ до 2027 година

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, доби нов богат договор од управата на „ѓаволите“ и ќе се задржи во клубот најмалку до 2027 година. 

Продолжувањето на соработката беше најавено уште пред два месеци, а сега тоа добива и потврда од клубот. Португалскиот ас досега за Јунајтед одигра 233 натпревари, остварувајќи одличен учинок од 79 голови и 66 асистенции. 

Во Манчестер пристигна од редовите на Спортинг Лисабон и веднаш се наметна како еден од главните адути во играта на тимот кој неколку сезони се мачи да се врати во врвот на англискиот фудбал. 

Со новиот договор, Фернандеш ќе заработува по 300.000 фунти неделно, со што ќе се израмни на второто место по заработувачката со Маркус Рашфорд. Најплатен играч во тимот е Бразилецот Касемиро, кој неделно добива плата од 350.000 фунти. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.