• Саше Љолес

Бразилецот Вилијан официјално се врати во екипата на Фулам. Она што се најавуваше минатите денови, сега се реализира, па така искусниот офанзивец повторно доаѓа на „Крејвен Котиџ“, откако ја раскина соработката со грчкиот Олимпијакос.
Премиерлигашот бргу реагираше и веднаш го врати во своите редови, а Вилијан е добро познат на навивачите, затоа што за Фулам претходно одигра 58 натпревари и постигна девет голови.
Welcome back, Willian!
— Fulham Football Club (@FulhamFC) February 6, 2025
36-годишниот крилен играч ја започна кариерата во Коринтијанс, а потоа играше за Шахтјор, Анжи Махачкала, Челзи, Арсенал, Фулам и Олимпијакос.