ОФИЦИЈАЛНО: Бразилец е третото зимско засилување на Шкендија

Екипата на Шкендија го потврди трансферот на бразилскиот интернационалец Игор Вандерсон Да Силва.

24-годишникот денес го стави потписот на договорот со тетовчани, кој е во должина од година и пол. За офанзивецот ова ќе биде трет европски клуб во кариерата, по Бурсаспор и Газаинтеп.

„Многу е добро чувството да се биде тука. Сè е ново за мене, секој ден учам за градот, за тимот. Навистина ми се допадна тоа што го видов овие два дена во градот. Верувам дека моите амбиции се исти како и на клубот. Овде се сретнав со раководните лица и тие разговараа со мене за целите на клубот да бидат шампиони и да се претстават добро во Европа, а тоа се и моите цели.

Кога пристигна понудата, го истражував клубот и градот и тоа беше љубов на прв поглед. Од мене може да се очекува многу посветеност на клубот. Јас сум многу професионално момче, ветувам многу посветеност на теренот, голови и добри настапи“, изјави бразилскиот фудбалер.

Да Силва е третото зимско засилување за Шкендија, по Хебајт и голманот Рамани.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.