ОФИЦИЈАЛНО: Бранислав Ивановиќ се врати во Премиер лигата

Искусниот стопер Бранислав Ивановиќ се врати во англиската Премиер лига и ќе соработува со Славен Билиќ.

Некогашниот хрватски селектор се реши за стабилност во дефанзивната линија на ВБА и го донесе 36-годишникот како слободен. Бранислав Ивановиќ последен пат настапуваше за руски Зенит од каде си замина како слободен.

За него ова е кам-бек во Премиер лигата по тригодишна пауза, поточно од 2017 година кога го напушти Челзи. Српскиот репрезентативец играше уште и за Локомотив Москва, ОФК Белград и Срем.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.