ОФИЦИЈАЛНО: Брајтон замената за Потер ја пронајде во Италија

Екипата на Брајтон го доведе наследникот на Грем Потер, кој замина на клупата на гигантот Челзи. 

Ново име на тренерското столче на „галебите“ е Роберто Де Зерби. 43-годишниот италијански стручњак се договори со Брајтон, а се очекува да пристигне во Англија на потпис. Клубот веќе ја потврди неговата аквизиција преку социјалните мрежи, а за тоа зборуваше и првиот човек на Брајтон, Тони Блум. 

„Возбуден сум што Роберто прифати да дојде во клубот како нов тренер. Неговите тимови играат убав и храбар фудбал, сугирен сум дека стилот  на Де Зерби ќе се поклопи со нашите тимски можности“, рече Блум.

Де Зерби беше слободен откако летово замина од Шахтјор, чиј тренер беше една година. Претходно Италијанецот работеше три години во Сасуоло, а беше на клупите и на Беневенто, Палермо, Фоџа.