ОФИЦИЈАЛНО: Борусија ја промовира замената за Але од Келн

Борусија Дортмунд и официјално ја доведе замената за Себастијан Але, во името на Антони Модест од редовите на Келн. 

Се работи за 34-годишен напаѓач кој одлично ја познава Бундеслигата, а со „милионерите“ засега парафира договор на една година. Покрај тоа, Келн за услугите на Модест заработи околу пет милиони евра. Во клубот се надеваат на што е можно побрзо враќање на Але кој ќе биде подложен на хемотерапија, меѓутоа мораа да интервенираат и да го доведат Модест. 

Искусниот напаѓач во својата кариера настапуваѓе и за екипите на Хофенхајм, Сент Етјен, Бордо, Бастиа, Ница, Анжер и Блекбурн во Европа, како и Тианхаи и Кванџиан во Кина. 

Минатата сезона на 35 натпревари во сите конкуренции, Модест постигна 23 погодоци и запиша четири асистенции, па со тоа се препорача за овој трансфер. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.