ОФИЦИЈАЛНО: Борусија Дортмунд му врачи отказ на Марко Розе

Екипата на Борусија Дортмунд и тренерот Марко Розе ја прекинаа својата соработка. 45-годишникот кој седна на клупата минатото лето, не успеа да донесе ниту еден трофеј во клупските витрини, па поради тоа Борусија се реши за промени. 

Тренерот кој претходни по две сезони ги водеше екипите на Салцбург и Борусија Менхенгладбах ќе биде во потрага по нов ангажман. „Милионерите“ ја соопштија одлуката преку официјално соопштение. 

„Борусија Дортмунд и тренерот Марко Розе ја прекинуваат соработката. Ова е резултат по анализа на сезоната, која беше извршена од Розе заедно со Ханс Јоаким Вацке, Михаел Цорк, Себастијан Кел и Матијас Самер“, напишаа од клубот. 

Борусија Дортмунд му се заблагодари на Розе за досегашната работа на клупата, а веќе за следната сезона ќе бара нов предводник. Клубот заврши со осум бода дефицит зад Баерн Минхен, немаше успех ниту во ДФБ Купот и Лигата на шампионите.