ОФИЦИЈАЛНО: Борац Бања Лука го претстави Бобан Николов

Најавите на Gol.mk се остварија – македонскиот интернационалец Бобан Николов има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во странство. Поранешниот репрезентативец денес беше претставен за нов член на Борац Бања Лука.

Иако постоеја разговори за камбек во Вардар, договорот не се реализира. Николов ќе игра во Конференциската лига на УЕФА, заедно со Дамјан Шишковски и Себастијан Херера. За Николов, БиХ ќе биде петта странска земја по Романија, Италија, Унгарија и Молдавија.

30-годишниот играч за врска е дете на Брегалница Штип. Сениорската кариера ја започна во Виторул Констанца. Потоа настапуваше за Вардар, Фехевар, Лече, Шериф и ФЦСБ, а минатата сезона го носеше дресот на унгарска Кишварда.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.