ОФИЦИЈАЛНО: Бернардо Силва е нов „крал“ до 2028 година!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид и Бернардо Силва постигнаа договор, според кој португалскиот репрезентативец ќе го носи дресот на „кралскиот клуб“ во следните две сезони, односно до 30 јуни 2028 година.

Со овој трансфер, Реал продолжува со реконструкцијата на тимот под водство на Жозе Мурињо, кој неодамна се врати на клупата на мадридскиот гигант.

Бернардо Силва пристигнува во шпанската престолнина по успешен период во Манчестер Сити, каде беше еден од најважните играчи на тимот на Пеп Гвардиола и освои бројни трофеи, меѓу кои и повеќе титули во Премиер лигата и трофејот во Лигата на шампионите.

Португалецот важи за еден од најкреативните играчи за врска во Европа, а неговата способност да игра на повеќе позиции во средниот ред и нападот ќе му донесе дополнителни опции на Мурињо.

Бернардо Силва е ново големо засилување за Реал Мадрид во овој преоден рок, по ангажманот на Марк Кукуреља, додека шпанските медиуми најавуваат дека клубот работи и на трансферите на Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате.