ОФИЦИЈАЛНО: Бекам донесе човек од доверба за тренер во Интер Мајами

Екипата на Интер Мајами во иднина ќе има нов тренер, во името на Фил Невил, поранешен соиграч на англиската легенда од деновите на Манчестер Јунајтед и воедно добар пријател на сопственикот на клубот Дејвид Бекам.

43-годишниот Невил во тренерската кариера работеше во Манчестер Јунајтед и Валенсија, но реши да замине во САД. Раководството објави дека договорот е експресно постигнат и дека се верува во добри резултати.

Фил Невил последен пат работеше во женскиот национален тим на Англија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.