ОФИЦИЈАЛНО: Барселона потпиша со 17-годишен талент на Кајзериспор

Демир

Барселона успеа да се договори со Кајзериспор околу трансферот на талентираниот Емре Демир.

Младиот фудбалер ќе се пресели во Шпанија за сума од два милиони евра. Неговиот договор со каталонскиот клуб ќе биде во трајност до 2027 година.

Турскиот интернационалец има само 17 години и важи за голема надеж на европскиот фудбал. Откупната клаузула во редовите на Барса ќе му изнесува 400 милиони евра.

Демир се очекува да го облече дресот на шпанскиот гигант наредната сезона. Се работи за производ на младинскиот тим од Кајзериспор, кој може да игра како офанзивен играч за врска или крилен напаѓач.

Тинејџерот е најмладиот голгетер во историјата на турската Суперлига со 15 години, девет месеци и 25 дена.